Илиноис е првата сојузна држава во САД која обезбеди надомест за рад на децата инфлуенсери на социјални мрежи.
Oва го изјави сенаторот од редовите на демократоте, Дејвид Келер кој е предлагаш на законот кој ќе стапи на сила на 1 јули следната година. тој истакнува дека социјалните мрежи им дадоа на децата можност да заработат пари и дека идејата за тој закон, кој гии опфаќа децата помлади од 16 години, ја добил од едно 15 гофипно девојче од својот округ и изрази надеж дека и други сојизни држави ќе донесат слични законски решенија.
Врз основа на новиот закон, децата инфлуенсери од Илиноис ќе имаат право на процент од заработката врз основа на тоа колку често се појавуваат на видео блоговите или онлајн содржината, кои генерираат најмалку 10 центи по преглед.
Содржината мора да биде креирана во Илиноис, а децата би требало да се претставени во најмалку 30% од содржината во период од 30 дена. Видео блогерите кои прикажуваат содржини со деца ќе мора да издвојат бруто заработка за дете, а средствата ќе може да ги подигнат кога ќе наполнат 18 години. Доколку не го направат тоа детето ќе има право да ги тужи.
Извор – Б92
Фото – Shutterstock/Kaspars Grinvalds