Eдна соларна централа за цел свет?

- Advertisement -

Австралиските научници предложија идеална локација за пловечка соларна централа
Поради комбинацијата на услови, таа соларна централа би можела да има потенцијал да произведува електрична енергија за целиот свет, пренесува solarno.net.

Имено, огромна крајбрежна фарма на фотоволтаични панели, поставена во близина на екваторот, недалеку од брегот на Индонезија, би можела да произведе доволно електрична енергија за напојување на густо населените области на Југоисточна Азија и западниот дел на африканскиот континент, а можеби и остатокот од светот.

- Advertisement -

Ова го покажува работата на австралиските научници, кои го истражувале потенцијалот на различни локации за идеална локација на џиновска пловечка соларна централа.

Дошле до заклучок дека доколку на споменатата локација се постават доволно големи панели, ќе можат да ги „преживеат“ условите на океанот и екваторијалната клима, па ќе можат да ги напојуваат блиските земји, континенти или уште пошироко подрачје. Овој конкретен регион, во водите на Индонезија и во близина на екваторот, се покажа како идеален поради неколку причини. Таму сончевата светлина е многу висока, тропските бури се многу ретки, морските бранови не надминуваат висина од шест метри, а ветровите брзина од 15 m/s.

- Advertisement -

Доколку, теоретски, на сите такви локации се постават пловечки соларни централи и ја покријат целата нивна површина, би било можно да се произведе пет пати повеќе енергија отколку што му треба на човештвото на 10 милијарди луѓе, пренесува Bug.hr.

Освен Индонезија, предложени се уште неколку потенцијално висококвалитетни локации, лоцирани помеѓу 5° и 12° географска широчина околу екваторот, па така како поволен се издвојува Гвинескиот Залив на западот на Африка.

- Advertisement -

Сепак, дали е ова навистина возможно? Научниците признаваат дека сигурно би било тешко да се спроведе во пракса. За да се задоволат потребите од електрична енергија на населба со милион жители, потребни се околу 70 квадратни километри соларни панели. Затоа, за околу 10 милијарди луѓе и 220.000 TWh годишно, соларната централа треба да покрива дури 0,7 милиони квадратни километри, што е прилично инженерски предизвик.

Истражувачите ја споредуваат потребната површина со вкупната земја на Земјата (150 милиони квадратни километри), вкупната обработена површина (50 милиони квадратни километри) или површината на светските мориња и океани (363 милиони квадратни километри), па може да изгледа мала во глобална слика.

Извор - Б92
Фото - Piqsels

Сподели!
- Advertisement -