Брисел го ограничува бројот на автомобили во центарот на градот

- Advertisement -

Главниот град на Белгија успеа да го намали интензитетот на сообраќајот во центарот и да им даде предност на велосипедистите, пренесува Данас.

Пред една година во градот беше воведена програмата „Добро движење“ со цел да се намали бројот на автомобили и да се зголеми бројот на велосипедисти во центарот на градот, кој често е преполн со густ сообраќај.

- Advertisement -

„Последните податоци покажуваат дека граѓаните брзо се навикнуваат на новиот модел, кој предвидува поактивни начини на движење во центарот на градот: има 27 отсто помалку автомобили и 36 отсто повеќе велосипедисти отколку порано“, рече градскиот советник задолжен за мобилност Барт Донт.

Подеталните анализи покажаа дека преминот од автомобили на велосипеди не го забави движењето во центарот на градот.

- Advertisement -

Градот поминува низ значителни промени. Административниот центар на Брисел поминува низ целосна реконструкција, а предвидени се и санација и адаптација на повеќе историски значајни објекти, како што е Кралската палата.

Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -