Главниот град на Белгија успеа да го намали интензитетот на сообраќајот во центарот и да им даде предност на велосипедистите, пренесува Данас.
Пред една година во градот беше воведена програмата „Добро движење“ со цел да се намали бројот на автомобили и да се зголеми бројот на велосипедисти во центарот на градот, кој често е преполн со густ сообраќај.
„Последните податоци покажуваат дека граѓаните брзо се навикнуваат на новиот модел, кој предвидува поактивни начини на движење во центарот на градот: има 27 отсто помалку автомобили и 36 отсто повеќе велосипедисти отколку порано“, рече градскиот советник задолжен за мобилност Барт Донт.
Подеталните анализи покажаа дека преминот од автомобили на велосипеди не го забави движењето во центарот на градот.
Градот поминува низ значителни промени. Административниот центар на Брисел поминува низ целосна реконструкција, а предвидени се и санација и адаптација на повеќе историски значајни објекти, како што е Кралската палата.