ЕУ сака да ја излечи зависноста на децата и тинејџерите од мобилни телефони

- Advertisement -

Во услови на проблеми со отсуство од работа и дигитални опсесии, глобалните напори за ограничување на влијанието на социјалните медиуми врз младите добиваат на интензитет, додека владите и технолошките гиганти се борат да ја зачуваат благосостојбата на генерацијата залепена на екраните.

Застаклените очи, едносложни одговори и постојани нотификации на паметните телефони станаа вообичаени глетки што родителите ширум светот ги забележуваат во онлајн навиките на нивните деца. Борбата против ваквите навики е исто така предизвик за кој од сопствено искуство проговори и Вера Јоурова, еврокомесарката за транспарентност, која го сподели своето мислење за онлајн навиките на мобилниот телефон на нејзиниот 10-годишен внук за време на настан на Европскиот Парламентот во јуни. Кога нејзиниот внук е пред екранот, веќе ништо околу него не постои, дури ни неговата баба, изјави Журова.

- Advertisement -

Што прават владите ширум светот за тоа? Владите ширум светот почнуваат да се справуваат со потенцијалните штетни ефекти на главните платформи за социјални медиуми како Facebook, Instagram и TikTok врз најмладите корисници.

Кина има за цел да го ограничи времето на екранот за деца под осум до 40 минути, додека американската сојузна држава Јута воведе дигитален полициски час и услов за родителска согласност за малолетниците да ги користат социјалните мрежи. Франција се залага за воведување родителска контрола на уредите, додека ЕУ е подготвена да го спроведе својот Закон за дигитални услуги (DSA), принудувајќи ги платформите како TikTok, Facebook и YouTube да ги отворат своите системи за контрола и да обезбедат заштита на децата.

Точната врска помеѓу користењето на социјалните мрежи и менталното здравје на тинејџерите и децата сè уште е предмет на дебата. Гореспоменатиот закон за ДСА на ЕУ, кој стапува на сила во август, бара од наведените платформи да покажат напори за спречување на штета на малолетниците, при што можните казни достигнуваат и до шест проценти од нивниот глобален приход за непочитување на правилата на законот.

Технолошките гиганти успеваат да привлечат внимание и да го продолжат ангажманот на корисниците имитирајќи ја привлечноста на автоматите. Додека возрасните се борат со оваа дигитална привлечност, постои загриженост за негативното влијание врз најмладите корисници, што доведува до проблеми како што се анксиозност, депресија, загриженост за изгледот на телото и намален фокус. Неодамнешните истражувања за менталното здравје во САД покажуваат зголемување на незадоволството кај адолесцентите во последните 15 години, особено кај тинејџерките. Во исто време, сопственоста на паметни телефони и користењето на социјалните медиуми се зголемени, иако различни фактори придонесуваат за овој тренд.

- Advertisement -

Како одговор на растечката загриженост, платформите како Instagram, YouTube и TikTok имплементираа алатки, вклучувајќи родителски контроли и потсетници за одмор од екранот. Сепак, поголемите платформи наскоро ќе се соочат со построги регулативи во ЕУ. Компаниите со повеќе од 45 милиони корисници во ЕУ, вклучувајќи ги Инстаграм, ТикТок и Јутјуб, мора да дадат проценки за влијанието на нивните дизајни врз општеството, особено врз благосостојбата на малолетниците. Брисел, исто така, соработува на правилата за дизајн на платформа соодветни за возраста. Сепак, новиот закон за содржина не се однесува на онлајн игрите, апликациите за пораки или самите дигитални уреди.

Целиот текст на zimo.dnevnik.hr

- Advertisement -

Фото – Wallpaper Flare

Сподели!
- Advertisement -