Требало да се искачат на рекордна висина од речиси 5.300 метри за швајцарската метеоролошка служба да измери температура од 0 степени Целзиусови. Радиската станица Payerne на североисточниот дел од Швајцарија на синоќа измерила 0 степени Целзиусови на висина од 5.298 метри, што е највисоко од почетокот на мерењето во 1954 година, објавија швајцарските метеоролози на социјалната мрежа X, претходно позната како Twitter.
Претходниот рекорд беше измерен на 25 јули 2022 година на висина од 5.184 метри, Температурата опаѓа со висината, а висината над која температурата паѓа под 0 степени Целзиусови варира во завиност од годишното време и од метеоролошките услови.
Таа изотерма од 0 степени ги разделува слоевите од воздухот со температура над 0 степени и тие со температура под точката на смрзнување на поголемите височини, објаснува метеоролошката служба на својата страница.
Поради големото влијание на развојот на билките, на снежната граница и на водениот циклус, тој дел зазема битно место во метеоролошката прогноза и има голема улога во секојдневието на алпските подрачја.
Швајцарија, како и голем дел од Европа, моментално е под влијание на топлотен бран со температури кои од минатиот петок надминуваат 30 степени Целзиусови на висина до 800 метри.
Топлотниот бран ќе потрае до четврток, а се очекуваат температури од дури 37 степени Целзиусови.
(Zimo)
(фото: Needpix)