A1 Net Protect блокираше над 450 илјади безбедносни закани во јули

- Advertisement -

Речиси секој десетти претплатник во Македонија се соочувал со непосредна закана која може да му наштети на неговиот уред доколку не бил заштитен со A1 Net Protect.  

Водечкиот производ за сајбер безбедност на А1 Македонија, A1 Net Protect, го блокираше најголемиот број напади од воведувањето досега и во јули значително го надминаа рекордот од претходните месеци. Спречени се речиси 454 илјади безбедносни закани кои можеа да имаат катастрофален исход. Тоа е за 120 илјади повеќе отколку во јуни. Овие напади беа насочени кон речиси 1,5 илјади уникатни уреди и дојдоа од исто толку малициозно домени. Речиси секој десетти претплатник во Македонија се соочувал со непосредна закана која може да му наштети на неговиот уред доколку не бил заштитен со A1 Net Protect.  

- Advertisement -

Најголемиот број безбедносни закани во Македонија до јули повторно беа поврзани со злогласниот малициозен софтвер – малвер.Тоа воопшто не е изненадувачки за нашите редовни читатели, бидејќи малверот некако е секојдневно присутен низ целиот интернет. Тоа е најмногу затоа што навистина е доста широк термин кој се однесува на секаков вид на злонамерен софтвер дизајниран да ги пробие и оштети уредите на корисниците и нивните системи. Нивниот број достигнал вкупно 444.314 инциденти што е околу 40% повеќе во споредба со јуни. Овие опасности дојдоа од 918 злонамерни домени.

А1 Македонија го нуди сервисот: A1 Net Protect кој обезбедува уникатна заштита од интернет закани за да ги задржи корисниците безбедни додека користат секакви уреди независно дали се дома или во движење. 

- Advertisement -

Net Protect е услуга која го штити мобилниот уред од најразлични сајбер закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци, малвер софтвери и нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до податоците на мобилниот уред. Со ова, додека корисникот е поврзан на мобилната мрежа на А1, услугата автоматски ги детектира и блокира небезбедните веб-страници и апликации при што испраќа известување за детектирана интернет закана.  

A1 Net Protect функционира директно преку мобилната мрежа на А1 Македонија и останати роаминг партнери и нема потреба за инсталација на никаква дополнителна апликација или софтвер. Доколку корисникот инсталира или сака да пристапи до веб страна која е опасна и може да содржи вируси или друг тип на малвер, A1 Net Protect го блокира пристапот и го известува корисникот дека апликацијата/веб страната може да му наштети.  

- Advertisement -

Оваа услуга е дел од заложбата на А1 Македонија на своите корисници да им го обезбеди најдоброто корисничко искуство на најбрзата мрежа.  

 Со A1 Net Protect вашиот мобилен телефон е заштитен од: 

  • Phishing – Обид да се преземат лични податоци за лице преку лажна е-мејл адреса или веб-страница, односно обид за кражба на идентитет.  
  • Malware – Малициозен софтвер кој навлегува во мобилниот уред и предизвикува штета.   
  • Botnets – Злоупотреба на мобилниот уред за испраќање спам, вируси или лични податоци без да забележите. 
  • Spamsites – Веб-страници кои прикажуваат лажни реклами кои ветуваат, на пример, дополнителни бенефити, попусти, награди или поволни цени.  
  • Compromised – Хакирани веб-страници кои се користат за дистрибуција на малициозен софтвер.  
  • Cryptomining – Генерација на дигитални валути (на пример, биткоини). Напаѓачите се обидуваат да „копаат“ дигитални валути со помош на корисничкиот уред и без знаење на корисникот. Уредот станува побавен и троши повеќе електрична енергија.  

 А1 Net Protect во првиот месец на активација е достапен за 0 денари, а потоа чини 29 денари месечно. 

Услугата A1 Net Protect може да биде активирана преку СМС со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1. 

Сподели!
- Advertisement -