Италија одобри дозволи за 40.000 сезонци пред бербата на грозје

- Advertisement -

Италија усвои закон со кој се овластува издавање дозволи за 40.000 сезонски работници кои не се членки на ЕУ во земјоделскиот и туристичкиот сектор во земјата, пренесува Б92.

Уредбата се совпаѓа со почетокот на сезоната на берба на јаболка и грозје, според соопштението, пренесува агенцијата Анса. Сезонските работници ќе се вработуваат врз основа на апликациите поднесени до локалните канцеларии за имиграција. Странските работници вработени во земјоделството главно доаѓаат од Романија, Мароко, Индија и Албанија, иако се застапени речиси сите националности, според италијанското здружение на фармери Колдирети.

- Advertisement -

Најголем дел од земјоделците се вработени по краткорочни договори. Тие работат во областите на Верона, Фриули, Трентино, Пиемонт, Емилија Ромања и Ломбардија, помагајќи во бербата и производството на јагоди, винова лоза, јаболка, грозје и млеко.

Сподели!
- Advertisement -