Индија прва во светот успешно слета лендер на јужниот пол на Месечината

- Advertisement -

Индија се запиша во историјата како првата земја во светот која успешно слета лендер на јужниот пол на Месечината. Со овој успех Индија се приклучи во елитната група земји кои успеале да направат некакво слетување на Месечината, после САД, Советскиот Сојуз и Кина.

Лендерот Vikram од мисијата Chandrayaan-3 успешно слета во точно планираното време денес попладне. Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека Индија сега е на Месечината и успеаја да го постигнат она што ниедна друга земја не успеа.

- Advertisement -

Од Индиската организација за истражување на вселената (Isro) изјавија дека ова успешно слетување не е само нивна заслуга, туку е заедничка работа на генерации научници во Isro.

Ова достигнување на Индија се случува неколку дена откако руската мисија Luna-25 се сруши на Месечината во обид да изврши историско меко слетување на јужниот пол. Тоа поттикна дискусии за фактот дека многу е тешко да се слета летало на тој регион кој е многу нерамен и полн со кратери.

- Advertisement -

Втората лунарна мисија на Индија, во 2019 година исто така беше неуспешна и нивниот лендер и ровер беа уништени.

(ВВС)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -