Сакате да имате сопствен ChatGPT? OpenAI сега ја нуди и таа можност

- Advertisement -

OpenAI им овозможува на компаниите да ги приспособат своите решенија за вештачка интелигенција како никогаш досега – со дотерување на нивниот популарен чат-бот со вештачка интелигенција.

ChatGPT го маѓепса светот со своите можности, а OpenAI сега им нуди на компаниите да вградат дел од таа магија во нивните сопствени чет-ботови. Имено, тие им овозможија на компаниите да го приспособат GPT-3.5 Turbo на нивните потреби користејќи ги нивните податоци, а тврдат дека вака прилагодениот модел може да биде на исто ниво или дури и да ги надмине перформансите на GPT-4 во одредени задачи. Во блиска иднина, OpenAI планира да ја прошири оваа можност на понапредниот модел GPT-4.

Процесот на подесување им овозможува на компаниите да создадат поспецијализиран модел ChatGPT, прилагоден на специфични задачи. Така, компаниите можат да развијат чет-бот кој е единствен за нив и нивните потреби, давајќи точни одговори на одреден јазик или со поголема краткост. Претходно, компаниите беа ограничени на користење на GPT-3 варијанти како davinci-002 или babbage-002. Процесот вклучува користење на претходно обучен модел, сличен на основниот модел GPT-4 (со податоци до септември 2021 година), а потоа инкорпорирање на податоци специфични за компанијата. OpenAI нагласува дека овие податоци, како и нивната употреба, ќе останат исклучиво во границите на компанијата на клиентот.

- Advertisement -

Извор – Zimo.hr

Сподели!
- Advertisement -