Германија планира да инвестира милијарда евра во развој на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Вештачката интелигенција е во главен фокус во целиот свет, а сега Германија одлучи да инвестира огромни средства за да ја задржи конкуретноста и да држи чекор со другите држави, од кои главно САД и Кина.

Како што пренесува Reuters, гемранската министерка за образование и истражување, Бетина Штарк-Вацингер, наводно, ги претставила плановите за инвестиција од речиси милијарда евра во истражување на вештачката интелигенција во наредните две години. Тоа е дупло повеќе од она што претходно се трошело на истраувања на тоа поле.

- Advertisement -

Меѓу другото, планираат отворање на 150 нови универзитетски лаборатории за истражување на вештачката интелигенција, ширење на податочните центри и отворање на јавни бази на податоци за нова употреба.

Министерката е уверена дека ЕУ, благодарение на меѓусебната соработка на земјите-членки и регулаторната рамка, може да им парира и на САД и на ЕУ. Таа истакна дека Европа повеќе е фокусирана на приватниста и личната безбедност кога е во прашање развојот на вештачката интелигенција и затоа може да привлече повеќе приватни инвестиции.

- Advertisement -

Но, иако милијарда евра изгледа како многу пари, според податоците на Универзитетот Стенфорд, САД досега има потрошено над 3,3 милијарди долари јавни пари и се инвестирани дополнителни 47,4 милијарди долари приватни средства.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -