Не се возрасните единствените кои можат да заработат милијарди долари и да стекнат огромно богатство. Постојат и деца кои поседуваат милиони и милијарди долари. Додека најголем дел од нив го стекнале своето богатство преку наследство од своите родители, мал број од нив сами го стекнале богатството.
Претприемништвото, настапите на славни личности, моделирањето и малопродажните бизниси се некои од начините на кои младите луѓе можат да заработат милиони.
Во продолжение следува листата со 6 најбогати деца во светот, чија нето вредност се движи од милиони до милијарди долари, а уште немаат 18 години.
1.Принцезата Шарлот од Кембриџ (8 години)
Титулата најбогато дете во светот ја држи принцезата Шарлот од Кембриџ, Таа е член на британското кралско семејство и второ дете и единствена ќерка на принцот Вилијам и војвотката Кетрин. Нејзината нето-вредност е неверојатни 5 милијарди долари, од кои најголем дел се налседство од семејството. Интересно е тоа што освен семејното наследство, оваа мала принцеза има договори со многи модни брендови чија облека ја носи, а за тоа плаќаат огромни суми.
2.Принцот Џорџ од Кембриџ (11 години)
Второ најбогато дете во светот исто така е член на британското кралско семејство, а тоа е принцот Џорџ од Кембриџ, првороденото дете на принцот Вилијам и војвотката Кетрин и брат на принцезата Шарлот. Неговото богатство исто така е семејно наследство и на само 11 години неговата нето вредност се проценува ан ад 3 милијарди долари.
3, Блу Ајви Картер (11 години)
Блу Ајви Картер е ќерка на американските пејачи Бијонсе и Џеј Зи. Само два дена после раѓањето таа беше најпознатото бебе во светот според магазинот Time. Таа е во Гинисовата книга на рекорди како најмлада личност која имала песна на која било листа откако со својот такто сними вокал за песната „Glory“. Како трето најбогато дете во светот, Блу Ајви најголем дел од богатството добила од своите родители. Исто така, доби Греми награда за најдобро музичко видео за песната „Brown Skin Girl“. Нејзината нето вредност се проценува на околу 720 милиони долари.
4. Сторми Вебстер (5 години)
Сторми Вебер е петгодишната ќерка на Кајли Џенер и Тревис Скот, која е позната по своето богатство од над 700 милиони долари, кои гии наследила од своите родители милијардери. Исто така, прилично е популарна на социјалните мрежи. Сторми е сопственик и на луксузна игротека која е подарок од нејзината баба, како и дизајнеркс аоблека, иако има само пет години.
5. Принцот Луис од Кембриџ (5 години)
Уште едно име од бротанското кралско семејство се најде на листата со најбогати деца во светот. Принцот Луис е третото и најмало дете на принцот Вилијам и војвотката Кетрин. Неговото богатство се проценува на околу 400 милиони долари.
6. Валентина Палома Пино (15 години)
Валентина Палома Пино е ќерка на познатата актерка Селма Хајек и францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино. Валентина се најде на листата со најбогати деца во светот во 2020 година, а годинава нејзината нето вредност се проценува на околу 12 милиони долари. Освен што има познати и богати родители, Валентина и самата е интернет ѕвезда.
(Bizlife)
(фото: Flickr)