Музичкиот фестивал ПАРКО и Божиноски часовници и накит ги тестираа границите за тоа колку далеку сме спремни да одиме кога сме опуштени со добра музика и опкружени со добро друштво и креативност. Границите ги поминаа над 50 присутни на фестивалот кои кажаа ДА во специјално осмислениот „Олтар на љубовта“ пред уште поспецијалниот фестивалски поп, добивајќи ексклузивно just married кругче со легендарното возило ЈУГО, чиј сопственик не остана покус и реши љубовта кон својот автомобил исто така да ја овековечи со брак. А, какви све бракови беа склучени на ПАРКО најдобро зборува фотогалеријата во продолжение на текстот.
Од Божиновски часовници и накит нагласуваат дека оваа активација е дел од новата авантура чија цел е да ги открие сите можни форми на љубовта и истите несебично да ги сподели со јавноста.
“Затоа што славењето на љубовта кон себе и другите е основната причина поради која луѓето влегуваат во нашите салони и без разлика кој е поводот поради кој купуваат часовник или накит тој секогаш е убав и секогаш е со љубов. Токму затоа ја започнавме нашата потрага која има за цел да пронајде што повеќе форми на љубов насекаде околу нас и истите заеднички да ги споделуваме и да се инспираме”
Приказната ја започнуваме од Битола, каде ги славиме љубовта и ентузијазмот на младите кон својот град која го создаде фестивалот ПАРКО. За таа цел на фестивалот поставивме Олтар на љубовта, каде покрај можноста за изразување на љубов преку “фестивалските запросувања” на истиот корнер беше овековечена и една долгорочна и нераскинлива љубовна врска – онаа помеѓу Божиновски и уметноста, поддржувајќи неколку млади уметници во подем.