Нова боја може да ги разладува и да ги загрева зградите

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Стенфорд создадоа нов вид на боја која може да ги лади домовите и другите згради во лето, а да ги загрева во зима, со што значително ќе се намали потрошувачката на енергија и емисијата на јаглерод диоксид.

Во текот на тестирањето се покажало дека оваа боја ја намалила потрошувачката на енергија потребна за загредвање за дури 36%, а енергијата за ладење за 21%. Освен тоа, вкупната потрошувачка на енергија на зградите се намалила за 7,4% во период од една година. Тоа е особено битно сега, кога климатските промени предизвикуваат екстремни горештини и студови.

- Advertisement -

Ова не е првата боја која може да лади и загрева, но постоечките опции вообичаено се метално сиви или сребрени, со што се ограничува нивната примена. Новата боја може да се направи во различни нијанси и тонови и може да се става на згради во согласност со естетиката и модата.

Истражувачите бојата ја тестирале во осум различни тонови: бела, сина, црвена, жолта, зелена, портокалова и темно сива. Резултатите покажале дека оваа боја е 10 пати поефикасна во споредба со конвенционалните во рефлектирањето на средната инфрацрвена светлина.Освен тоа, боите не мора да се користат само за згради, туку да се нанесат на различни предмети со цел разладување или загревање.

- Advertisement -

Бојата може да се нанесе на различни површини и материјали и да обезбеди дополнителна термална бариера во различни ситуации, велат авторите на студијата. Исто така, бојата е и водоотпорна и е идеална за средини со голема влага.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -