ВИДЕО: Индија објави фотографии и видеа од јужниот пол на Месечината

- Advertisement -

Индиската вселенска истражувачка организација (ISRO) објави фотографии и видеа од својот лунарен ровер на социјалната мрежа X откако лунарниот модул Chandrayaan-3 минатата недела успешно изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината.

Во објавата има фотографии и видеа од излегувањето на роверот Pragyana, како и привте поминати метри на лунарната површина, но и фотографиите кои ги направи роверот и податоците кои ги собрале инструментите на мисијата.

- Advertisement -

Првото видео од роверот покажува како го напушта лендерот преку рампата и слегува на површината на Месечината, а тука е и видеото од слуштањето на лендерот на местото за слетување со подгиање прашина околу него.

Од ISRO соопштија дека роверот поминал осум метри, како и дека се активирани неговите два научни инструменти. Објавено е и видео снимено со камерата на лендерот, на кое се гледа како роверот оди и речиси исчезнува од видот на лендерот. Тука се и фотографии од моментот кога роверот наишол на голем кратер, поради што морал да ја смени патеката на движење.

- Advertisement -

Индија изјави дека целта на оваа лунарна мисија е усппешно слетување на Месечината за да покаже дека земјата има можност за возење на роверот на површината на Месечината и спроведување на научни експерименти со помош на иснтрументите поставени на роверот и на лендерот.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -