Такахе, округла птица со тиркизни пердуви и црвени стапала, која се движи само по копно и не лета, повторно може да се забележи во дивината на Нов Зеланд, како резултат на националната конзервација на животни.
Осумнаесет единки од птицата Такахе бea пуштени во јужниот дел на Нов Зеланд, на живеалиште каде тие претходно не биле забележани скоро еден век.
За домородното население кое живее во реонот и кое се соочувало со долга законска битка за враќање на истребениот вид птици, единките вратени во природните живеалишта означува победа.
Птиците Такахе се необични единки. Како голем број птици кои живеат на територијата на Нов Зеланд, тие еволуирале и се приспособиле за да ги пополнат нишките на екосистемот што би ги заземале цицачите. Тие не летаат, високи се околу 50 сантиметри и живеат во планините. Според фосилите, Такахе птиците датираат од праисториската плеистоценска ера.
„Тие дури изгледаат праисториско“, изјавил член на домородното население.
Враќањето на популацијата на такахе птиците е дел од процес на конзервација со цел да се зачуваат најретките и загрозени видови на животни.
Овие птици биле официјално прогласени за истребени во 1898 година, а откако биле реоткриени во 1948 година, бројката на единки сега е 500, а забележан е раст од 8 отсто на годишно ниво.
Во процесот за зачувување на видот, биолози собирале и вештачки инкубирале јајца од птиците, спречувајќи тие да бидат изедени од предатори. Откако јајцата се испилиле, за нив се грижеле работници облечени како птици.
Одделот за конзервација, по соодветната нега за птиците, единките пополека ги навикнувал на нивните природни живеалишта, притоа инвестирајќи во елиминација на нивните предатори.
Националната заложба за зачувување на видот на птици е дел од поголема акција на властите во Нов Зеланд за зачувување на своите ретки видови птици. Во моментов, во Нов Зеланд се одвива и масовно истребување на предатори на птиците, како стаорци и опосуми, а акцијата се очекува да заврши во 2050.
Како што растат напорите за заловување на предаторите, ретките видови на птици повторно се враќаат во нивните природни живеалишта, надвор од нивните вештачки домови. Птиците од видот киви, што е националната птица на Нов Зеланд, минатата година за прв пат по неколку децении беа пуштени во дивината.
Извор – Радио МОФ