Се отвара нов тренинг центар во Кочани за полесно вработување на младите

- Advertisement -

Денеска, компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ и средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ од Кочани потпишаа Mеморандум за соработка со Активностите на УСАИД Партнерства за економски раст и Млади кои активно создаваат можности. Овој Меморандум означува продолжување на долгогодишната соработка помеѓу УСАИД, приватниот сектор и образовните институции во насока на развој на работната сила и раст на продуктивноста на компаниите.

Во претстојниот период, во рамки на средното стручно училиште во Кочани ќе се опреми нов тренинг центар за PLC (програмабилен логички управувач) програмирање. PLC е дигитален уред кој се користи за управување, контрола и следење на индустриската опрема врз основа на програмирање. Преку оваа соработка ќе се обучи кадар од компанијата и училиштето којшто ќе го пренесе стекнатото знаење на учениците во тренинг центарот.

- Advertisement -

Оваа инвестиција ќе им овозможи на учениците да стекнат знаења и вештини од областа на PLC програмирањето, а по завршувањето на образованието и можност  за вработување во приватниот сектор. Од друга страна, приватниот сектор ќе добие  веќе обучена високо квалификувана (дефицитарна) работна сила со што ќе се влијае кон зголемување на продуктивноста во самите компании, но и место каде нивните вработени ќе можат да се доусовршат и стекнат нови знаења за PLC програмирање.

Новиот тренинг центар за PLC програмирање претставува потврда за успешната соработка помеѓу Амфенол, средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ и УСАИД, откако во 2019 со заеднички напори беше изграден првиот тренинг центар за лемење и кримпирање во рамки на училиштето.

Сподели!
- Advertisement -