Патент на Apple открива технологија која ќе ја користиме во автомобилите

- Advertisement -

Apple пријави патент за технологија која би можеле да ја користат во авоите автомобили или може да ја лиценцираат за други компании. Со оглед на тоа дека уште нема ништо конкретно за автомобилот кој го најавија одамна, Аpple Car, патентот кој неодамна го пријави компанијата навестува што можеме да олекуваме.

Патентот е за сосема поинакво ветробранско стакло на кое Apple може да применува технологија за проширена реалност. Станува збор за технологија која дигиталните содржини ги поставува над физичките, реалниот свет, а можноста за употреба на таа технологија во автомобилите се различни.

- Advertisement -

Од самиот приказ на информациите за брзината, статусот на батеријата, притисокот во гумите и слично, кои повеќе нема да бидат на посебна контролна табла, туку дигитално прикажани на ветробранското стакло, се до упатства за навигација во форма на дигитални стрелки кои покауваат каде да свртите, а ќе се прикажуваат над патот каде што возите.

Исто така, во патентот се споменува дека во случај на препрзо возење, на патот, односно на ветробранското стакло може да се прикажат и дигитални лежечки полицајци кои би изгледале како реалните за да го забават возењето. Во случај системот да препознае дали во околината на автомобилот има деца, на ветробранското стакло ќе се прикаже и такво предупредување, за возачите да ја прлагодат брзината и да бидат повнимателни.

- Advertisement -

За успешна имплементација на таа технологија потребен е моќен хардвер, односно камери, сензори, ултразвучни и ласерски радари, кои би направиле 3Д мапа од патот и објектите околу автомобилот, вклучувајќи ги и сообраќајните знаци и луѓето. Системот н ветробранското стакло би можел дигитално да ги заокружи знаци покрај кои поминува автомобилот за на возачите да им го сврти вниманието на ограничувањето на брзината, потенцијалните опасности на патот и сл.

Во патентот не се споменува начинот на кој Apple сака да ја имплементира таа технологија. Постои можност Apple таа технологија да не ја развива за својот автомобил, туку да ја лиценцира за други автомобилски компании.

- Advertisement -

(Auto Blog)

(фото: Vanarama)

Сподели!
- Advertisement -