Полскиот трговски ланец Пепко наскоро треба да добие нов сопственик, пренесува Б92. Од друга страна, малезискиот дисконтер MR.DIY планира да се прошири во Европа, додека португалскиот синџир Biedronka планира да се прошири во регионот.
Поради големите долгови на компанијата Штајнхоф, која поседува 72 отсто од синџирот Пепко, полскиот трговец во наредниот период ќе добие нов мнозински сопственик. Pepco е еден од најбрзорастечките трговци со евтини производи во Европа во последниве години. Пепко е основана во 1999 година во Полска, а во рамките на групацијата денес работат синџирите Poundland и Dealz.
Според полските медиуми, се уште нема официјални информации што ќе се случи со трговецот кој нуди ниски цени на над 3.200 локации низ Европа, пишува Retail Serbia.
Европскиот пазар станува се поинтересен за трговците кои отвораат продавници со попуст. Малезискиот дисконтер MR.DIY, кој веќе работи во Турција и Шпанија, планира големи операции низ Европа. Филијали се регистрирани во повеќе земји, а првите продавници со дисконти би можеле да се појават најпрвин во Грција. На полиците на малезискиот синџир има голем избор на играчки, алатки, сезонски програми, хемија, облека…
Biedronka, дисконтер за храна со седиште во Полска и во сопственост на португалска групација, влегува на пазарите во Романија, Словачка и Чешка. На прашањето на порталот Retail Serbia како гледаат на српскиот пазар и дали и таа земја би можела да биде вклучена во плановите за проширување, компанијата потврди дека влезот во Србија и другите балкански земји засега не е во план во оваа фаза, пишува Пословни дневник.
Извор – seebiz