На светот му се заканува недостиг од литиум можеби уште во 2025 година

- Advertisement -

Светот може да се соочи со недостиг на литиум уште во 2025 година затоа што побарувачката за тој метал, кој се користи за изработка на електрични батерии, расте побрзо од производните капацитети. Како што пишуваат од CNBC, истражувачката единица на Fitch Solutions е една од тие што предвидуваат недстиг на литиум до 2025 година.

„Очекуваме просечен годишен раст од 20,4% годишно за литиум во Кина за електрични возила во текот на 2023-2032 година“, велат од компанијата во извештајот.

- Advertisement -

Наспроти тоа, кинеското снабдување со литиум ќе порасне само за 6% во истиот период, а додаваат дека не може да задоволи ниту 1/3 од прогнозираната побарувачка за таа суровина.

Според Prema Refinitiv, моментално во светот постојат 101 рудник на литиум. Кина е третиот најголем светски производител на литиум, кој е составен дел од батериите на електричните возила.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: ieee.org)

Сподели!
- Advertisement -