SpaceX ја рeализираше рекордната 62. мисија во 2023 година

- Advertisement -

Компанијата SpaceX продолжува да нижи рекорди, а новиот рекорд се однесува на бројот на лансирања во една година. SpaceX вчера, понеделник 4 септември, го лансираше сателитот Starlink со помош на ракетата Falcon 9 од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Тоа е вкупно 62. орбитален лет на SpaceX во 2023 година, со што компанијата постави нов рекорд за најголем број лансирања во една година. Претходниот рекорд го поставија во 2022 година.

Првата фаза од ракетата Falcon 9 се врати на Земјата како што беше и планирано, и тоа 8,5 минути после лансирањето, кога се спушти на дрон-брод наречен „Just Read the Instructions”, која ја чекаше во Атлантикот.

- Advertisement -

Тоа е вкупно десетто лансирање на истата ракета. Што се однесува на горната фаза, таа продолжи да лета и го испорача Starlink сателитот во ниската орбита на Земјата околу 65 минути после лансирањето.

Тоа беше многу битен ден за SpaceX затоа што од Меѓународната вселенска станица се вратија нејзините астронаути од мисијата Crew-6, кои престојуваат во орбитата од март годинава.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: SpaceX)

Сподели!
- Advertisement -