ННАСА објави фотографија од индискиот лунарен лендер, кој се наоѓа на површината на Месечината. Станува збор за фотографија направена со орбитерот на НАСА, Lunar Reconnaissance Orbiter, кој со својата камера го фотографирал индискиот лендер Vikram од мисијата Chandrayaan-3. Vikram направи меко слетување ви близина на јужниот пол на Месечината на 23 август годинава, а потоа го испушти роверот Pragyan.
Vikram на фотографијата е видлив како минијатурна точка во самиот центар, а е фотографиран на четвртиот ден по слетувањето. Мисијата Chandrayaan-3 ја запиша Индија во историјата како првата земја во светот која успешно извршила меко слетување во близина на јужниот пол на Месечината. Попрецизно, Preciznije, Vikram слета на околу 600 км од јужниот пол.
Лендерот и роверот десетина дена собираа податоци и прават фотографии на лунарната површина и веќе ги надминаа целите на својата мисија. Индиската вселенска агенција во текот на викендот соопшти дека лендерот и роверот сега се во фаза на хибернација поради почетокот на ноќта на Месечината.
Тој начин на работа е потребен за да се преживеат ниските температури, а од агенцијата се надеваат дека ќе се разбудат на 22 септември, кога ќе почне новиот лунарен ден. Сончевата светлина им е потребна за да ги наполнат батериите и да можат да функционираат.
(Klix.ba)
(фото: НАСА)