Научници одгледаа човечки ембрион без користење сперма, јајце клетки или матка

- Advertisement -


Научници од Институтот Вајсман успеаја да одгледаат модел кој многу наликува на човечки ембрион без користење сперма, јајце клетки или матка. Тимот научници велат дека нивниот модел на ембрион е направен со користење матични клетки, а изгледа како училиштен пример на вистински 14-дневен ембрион. Дури и ослободувал хормони кои на тестови за бременост покажуваат позитивен резултат во лабораторија.

Целта на моделот на ембрион е да се овозможи етички начин на разбирање на најраните моменти од нашите животи. Првите неколку недели откако сперматозоид ќе ја оплоди јајце клетката се период на драматични промени – од група нејасни клетки до нешто што на крајот станува препознатливо на ехо снимките.

- Advertisement -

„Тоа е црна кутија и не е клише – нашето знаење е многу ограничено“ порача професорката Џејкоб Хана од Институтот В

Истражувањето на ебрионот е законски, етички и технички обременето, но сега постои поле кое брзо се развива и го имитира природниот развој на ембрионите. Ова истражување е објавено во списанието Nature, а израелскиот тим го опишува како прв целосен модел на ембрион за имитирање на сит4е клучни сттуктури кои де појавуваат во ранио ембрион.

- Advertisement -

Наместо сперма и јајце клетки, почетниот материјал им биле наивни матични клетки кои се репрограмирани да добијат потенцијал да станат кое било ткиво во телото. Потоа се користени хемикалии за тие матични клетки да се натераат да станат четири видови клетки кои се наоѓаат во најраните стадиуми од човечкиот ембрион.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: ndla.no)

Сподели!
- Advertisement -