Претставен ChatGPT Enterprise – помоќен AI четбот наменет за компании

- Advertisement -

Десет месеци од револуционерното деби на чатботот со вештачка интелигенција ChatGPT, компанијата Open AI ја претстави комерцијалната верзија ChatGPT Enterprise наменeта за деловни субјекти.

Според компанијата, тимовите од 80% од компаниите на Fortune 500 веќе ја усвоиле нивната алатка со вештачка интелигенција, па лансирањето на деловна верзија бил следниот логичен чекор.

- Advertisement -

Новата бизнис верзија на популарниот четбот ветува подобрена безбедност, поголема приватност, пристап со поголема брзина, опции за прилагодување и многу повеќе.

Со ChatGPT Enterprise, компаниите ќе го поседуваат и контролираат целиот внес на податоци, со дополнително шифрирање за секоја чувствителна информација да остане безбедна.

- Advertisement -

Платениот четбот нема да ги има ограничувањата за користење што ги има бесплатната верзија, истовремено ветувајќи дека ќе работи „до два пати побрзо“. Па така, корисниците ќе можат да обработуваат четири пати подолги инпути или датотеки од вообичаеното.

Вградената алатка за анализа на податоци, претходно наречена Code Interpreter, ќе им овозможи на техничките и нетехничките работни тимови да обработуваат податоци за неколку секунди, без разлика дали се тоа извештаи или пазарни истражувања.

- Advertisement -

Поголемите работни организации ќе можат да користат шаблони за разговор кои може да се споделуваат, што ќе им овозможи на вработените да соработуваат и да се придржуваат до заедничките работни текови дури и кога се во различни тимови или одделенија.

Во моментов, OpenAI допрва треба да ги објави ценовните опции за ChatGPT Enterprise. Заинтересираните за услугата засега ќе мора лично да се обратат до продажен претставник на софтверската компанија.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -