Домашен тест открива гингивитис без посета на заболекар

- Advertisement -

Научници развија еднкратен тест кој открива токсини кои ги произведува бактеријата порфиромонас гингивалис. Освен што гингитивисот може да доведе до губење на забите, бактериите одговорни за болеста на непцата можат да влезат во крвотокот и да предизвикаат болести на срцето, мозочен удар или други болести. Затоа е битно раното откривање на гингивитисот, а наскоро на пазарот ќе се појави новиот прибор за домашно тестирање.

Тестот за анализа на примероци од лунката го развија професорот Ендрју Штекл од Универзитетот Синсинати и вишиот научен соработник Даеву Хан, во соработка со научникот Сансаи Шиом од Proctor & Gamble и своите резултати ги опишаа во списанието Sensors and Diagnostics..

- Advertisement -

Тестот користи хемиски реагенс кој реагира на специфични ендотоксини кои се присутни во бактериите порфиромонас гингивалис.Отпрвин изработката на реагенсот била вистински предизвик затоа што повеќе материи кои може да го отежна откривањето на кој било биомаркер. Протеинот кој се појавува во природата под името амилаза се покажал поебно проблематичен, се додека научниците не откриле дека неговите ефекти може да ги поништат претходно обработените примероци на плунка.

Самиот комплет доаѓа во истата форма како домашните тестови за КОВИД-19 кои сите ги користевме, а содржи плочка за примерок од плунка заедно со хартиена тест лента на која ќе се појават една или две линии за означување на резултатот.

- Advertisement -

Засега уште не е познато кога овој тест би се нашол во продажба.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -