ЕУ го тестира првиот дигитален пасош

- Advertisement -

Една нација по прв пат им дозволува на патниците да ја преминат нејзината граница со дигитален пасош на својот паметен телефон наместо со физички пасош. Тестирањето на тој пасош се прави во Финска, а ЕУ сака најмалку 80% од граѓаните во сите 27 земји-членки да користат дигитален пасош и лична карта то 2030 година.

Пилот програмата почна на крајот на минатиот месец и засега е достапна само за жителите на Финска. Пасошот се тестира на аеродромот во Хелсинки како партнерство меѓу Finnair, а еродромскиот оператор Finavia и финската полиција. До крајот на февруари 2024 година патниците со компанијата Finnair кои летаат од три аеродроми во Обединетото Кралство можат да ја поминат граничната контрола користејќи нова доброволна „дигитална потврда за патување“ (DTC).

- Advertisement -

Од финската гранична стража велат дека патниците кои ги користат новите дигитални исправи можат да поминат побрзо и полесно преку граничната контрола отколку да чекаат во ред.

Европската унија го кофинансира проектот со 2,3 милиони евра. Покрај шестмесечното тестирање во Финска, ЕУ планира и други пилот програми за загрепскиот аеродром „Фрањо Туѓман“ и за аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, Холандија.

- Advertisement -

Европскиот DTC, односно електронскиот акредитив кој се чува на телефон не е исто што и пасошот, познат како e-пасош, кој е традиционален пасош со микрочип кој содржи некои од уникатните физички карактеристики на патникот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -