Дали луѓето може да го продолжат својот вид во вселената и на други планети – тоа е прашањето со коешто се занимаваат научниците. Ако сакаме да одиме на подолги временски патувања и да освојуваме други планети, луѓето ќе мора да се позанимаваат со цела низа од потенцијални проблеми – од тоа како ќе дишеме и ќе се прехрануваме на други планети до тоа како ќе се размножуваме.
Холандскиот стартап Spaceborn United направи прототип на мал уред за ин витро плодување и мал инкубатор за ембриони, кои планираат да ги испратат во вселената и да направат повеќе експерименти. Целта е да се утврди дали е можно да се зачне во вселенски услови поради недосгиот од гравитација, високи нивоа на радијација и ограничени услови за живот.
Прототипот на уредот не е поголем од обично цеде, а користи микрофлуидна технологија. Идејата е дискот да се движи за да се симулираат ефектите на гравитација на Земјата во простор без гравитација. Од Spaceborn United велат дека првите тестови ќе ги направат на клеточно ниво и тоа на глувци.
Мисијата се вика ARTIS, а треба да трае шест дена, во текот на кои би биле оплодени јајце клетки на глувци, а кога ќе се случи делба на клетките во вештачка гравитација ембрионите ќе бидат криогенетски замрзанти и ќе ги вратат на Земјата на контрола.
Потоа, ембрионите зачнати во вселената треба да бидат трансплантирани во глувци за да може да се следи нивниот развој и бременоста.Овие експерименти треба да бидат направени во наредните пет години.
(N1)
(фото: ndla.no)