Во доба на технолошки иновации учителите во Шведска се враќаат на основите. Имено, постои движење во образовниот систем на земјата кој ја нагласува аналогната технологија како што се вистинските книги и пишувањето со рака со цел да се постигне поефикасно учење.
Весникот The Guardian известува дека министерката за образование на Шведска, Лота Едхолм, стои зад таквиот притисок. Политичарите во земјата почнуваат да го поставуваат прашањето дали образованието насочено на технологија помага или одмага во образувањето. Минатиот месец Националната училишна управа за образование на Шведска претстави план за воведување на таблети за учениците во градинките, но министерката Едхолм кратко потоа објави дека шведската влада е заинтересирана за поништување на одлуката.
„Има јасни научни докази дека дигиталните алатки го нарушуваат наместо да го унапредуваат учењето на студентите,изјавија од Каролинскиот институт на Шведска. Веруваме дека фокусот треба да се врати на стекнување знаење преку печатени учебници и стручноста на учителите наместо знаењето да се стекнува првенствено преку бесплатно достапни дигитални алатки кои не се проверени за стручноста.
Шведска забележа пад на успехот на учениците во истражувањето спроведено од 2016 до 2021 година. Освен технологијата, пречка во напредокот на учениците беше и пандемијата на Ковид-19, но ако се споредат резултатите на Шведска со тие на Англија, Шведска им простор за подобрување.
Оваа одлука не значи дека Шведска на учениците ќе им забрани дома да користат алатки како ChatGPT, но ја истакнува важноста на рачното решавање проблеми.
(Vidi.hr)