Денес за третиот саем за социјални претпријатија

- Advertisement -

Денес, на 12.09, на платото пред Центарот на социјални претпријатија (позади Меморијалот на Мајка Тереза) ќе се одржи „Третиот саем на социјални претпријатија“.

Саемот годинава ќе биде со регионален карактер, земајќи предвид дека на него ќе учествуваат претставници од земјите од Западен Балкан. Па така, освен од С. Македонија, на него ќе има социјални претпријатија и од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

- Advertisement -

Саемот ќе започне во 16 часот со изложување на социјалните претпријатија, додека официјалното отворање ќе биде во 18 часот. Саемот ќе го отворат Јована Тренческа – Министер за труд и социјална политика и Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, а поздравни говори ќе имаат и Амбасадорот на Франција – Сирил Баумгартнер, Амбасадорот на Полска – Кшиштоф Грзелчик, Алберт Хани – генералниот секретар на RYCO, Барбара Садовска – Тим лидерката на проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ и Филип Иваноски – Управниот директор на Пакомак.

Саемот, кој е од отворен карактер, ќе трае до 20 часот.

- Advertisement -

Саемот се организира како соработка помеѓу проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ поддржан од Министерството за труд и социјална политика, Амбасадата на Република Полска во Скопје и Пакомак, со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) преку нивниот проект „Регионален инкубатор за социјални претприемачи“ (RISE).

Саемот го означува и почетокот на Регионалниот форум за социјални претприемачи, конференција која ќе трае до 14 септември, а е организирана како дел од проектот RISE, поддржан од L’Agence Française de Développement (AFD), Европската Унија, RYCO и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO).

Сподели!
- Advertisement -