- Advertisement -

ОД ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ ДО РАМКИ ЗА ОЧИЛА ОД КАФЕ МОЖЕА ДА СЕ ВИДАТ НА РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ НА  социјални претпријатија

13.09.2023, Скопје

- Advertisement -

Во забавна атмосфера, со музика и околу 50 штандови, вчера, на платото пред Центарот на социјални претпријатија во Скопје се одржа „Третиот саем на социјални претпријатија“.  Имаше штандови на кои се промовираа производи и услуги на социјални претпријатија од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Посетителите, кои имаа можност и да купуваат од производите на тој начин ги поддржаа социјалните претпријатија, кои работат без профит, туку целиот го користат за подобрување на општеството. Тие вработуваат ранливи категории на луѓе и имаат многу иновативни производи и услуги. Па така, можеа да се видат социјални претпријатија кои обезбедуваат грижа на стари лица, некои кои произведуваат биохумус,  уметнички ракотворби, производи изработени од  остатоци  од кафе, презентација на инклузивен ресторан за лица со аутизам, како и некои кои веќе одамна се присутни како на пример „Лице в лице“ или пак „Копче“ на Црвен крст. Во моментов социјалните претпријатија го очекуваат Законот кој предвидува комплексни решенија со иницијален капитал во форма на грантови, субвенции на плати и ослободување од даноци на добивка.

Саемот се организираше како соработка помеѓу проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ поддржан од Министерството за труд и социјална политика, Амбасадата на Република Полска во Скопје и Пакомак, со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) преку нивниот проект „Регионален инкубатор за социјални претприемачи“ (RISE).

- Advertisement -

Саемот го означи почетокот на Регионалниот форум за социјални претприемачи, конференција која се фокусира на важноста од развивање механизми за поддршка и законски рамки за поттикнување на социјалното претприемништво како моќен инструмент за социјален и економски развој во регионот. Регионалниот форум, кој ќе трае до 14 септември, е организиран како дел од проектот Регионален инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржан од L’Agence Française de Développement (AFD), Европската Унија, RYCO и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO).

Форумот ќе биде можност да се слушне директното искуство на социјалните претпријатија дел од RISE – Рајсерите од целиот регион, фокусирајќи се не само на нивното претприемачко патување, туку и на нивната регионална мобилност и сетот на интеркултурни вештини што ги стекнале преку него.

Сподели!
- Advertisement -