90% од компаниите во светот најавија враќање во канцеларија до 2024 година

- Advertisement -

Неверојатни 90% од компаниите во светот планираат да спроведат политика на враќање во канцеларија до 2024 година, покажа августовскиот извештај на Resume Builder, кој анкетирал 1.000 челници на компании. Речиси 30% од нив велат дека нивните компании ќе им се заканат со отказ на вработените кои не доаѓаат во канцеларија. Само 2% од бизнис лидерите велат дека нивната компанија никогаш не планира да бара од вработените да се постојано присутни.

Ова враќање во канцеларија следува во време кога се повеќе извршни директори отворено признаваат дека го презираат овој модел и тврдат дека продуктивноста, соработката и ангажираноста на вработените трпат кога се работи на далечина.

- Advertisement -

Иако се повеќе компании донесоа построги услови во канцеларија за вработените, бројот на работници во канцелариите остана релативно непроменет во однос на минатата година. Во текот на првата недела од овој месец во канцелариите во 10 најдобри градови во САД имало само 47,3%, што е незначителен раст во споредба со 44’% во време на пандемија.

Постои популарен аргумент дека луѓето се помалку поврзани со својата компанија и со колегите кога не се во канцеларија, што е лоша вест за ангажирање и задржување на вработените.

- Advertisement -

Во истражувањето на Korn Ferry од 2022 година на 15.000 глобални раководители 2/3 биле согласни дека корпоративната култура сочинува над 30% од пазарната вредност на нивните компании. Многу лидери, се вели во извештајот, веруваат дека силната култура може да се воспостави и да се одржува само ако сите барем некое време заземаат исто работно место.

Директорите го правдаат својот став со тоа дека работниците се попродуктивни во канцеларија. Сепак, истражувањето не успеало да извлече конечни заклучоци за продуктивноста на работниците. Во САД продуктивноста на вработените пораснала за 4,4% во 2020 и за 2,2% во 2021 година, пред да опадне во 2022 година, покажуваат податоците на Биротот за статистика на трудот. Меѓутоа, во 2023 година продуктивноста на трудот пораснала за 3,7% во текот на вториот квартал и е поголема за 1,3% во однос на овој период минатата година.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -