Група европски регулатори најави анализа на здравствените ризици на Apple iPhonea 12 откако Франција ја стопираше продажбата на овој телефон во земјата поради преголеми зрачење.
Францускиот мрежен регулатор вчера објави дека ја стопира продабата на iPhone 12 откако тестовите покажале дека телефонот има зрачење повисоко од дозволентото ниво. Додадоа и дека резултатите ќе ги проследат до регулаторит од другите земји на ЕУ. За да се реши проблемот, доволно е да се ажурира софтверот.
Холандскиот регулатор вчера објави дека го проверува проблемот со прекумерното зрачење на iPhone 12. Нагласија дека зрачењето не претставува безбедносен проблем кој треба итно да се реши, но сакаат да побараат објаснување од американската компанија.
Германскиот регулатор нагласи дека постапката на Франција може да послужи како пример за цела Европа и додаде дека ќе се испита проблемот за домашниот пазар како што ќе напредува фарцнускиот случај.
Белгискиот државен секретар за дигитализација порача денес дека ќе се анализираат можните ризици по здравјето од американскиот смартфон.
Италијанското Министерство за индустрија објави дека ја следи ситуацијата, но засега нема да презема никакви мерки.
Apple вчера ја отфрли француската одлука за забрана на продажбата и нагласи дека iPhone 12, кој беше пуштен во продажба во 2020 година, е сертифициран од неколку меѓународни тела.
(Reuters)
(фото: Flickr)