ТикТок воведува купување преку самата апликација

- Advertisement -

Во обид да ги претвори своите корисници во активни потрошувачи, социјалната мрежа TikTok влегува во светот на е-трговијата – претставувајќи ја платформата TikTok Shop на пазарот во САД.

TikTok Shop опфаќа неколку сегменти и тоа:
– „Shop Tab“ – секција дизајнирана да ги истакнува производите од различни бизниси;
– нов филијален видео систем кој им овозможува на креаторите да заработуваат провизии; и
– можност за бизнисите да ги промовираат своите производи преку реклами за купување.

- Advertisement -

Со цел беспрекорно функционирање на својата онлајн продавница, TikTok основаше и сопствен логистички оддел наречен “Fulfilled by TikTok”. Овој стратешки оддел ќе биде задолжен за складирање и испорака на производи за регистрираните трговци, поедноставувајќи го искуството за купување.

Над 200.000 продавачи веќе нашле свое место во онлајн продавницата на TikTok. Компанијата се стреми кон тоа да стане значајна дестинација за малопродажба и планира да ќе земе учество во настани како Black Friday и Cyber Monday за да го зацврсти своето присуство на пазарот.

- Advertisement -

TikTok Shop се надоградува на успехот на сличната функција која е веќе достапна во рамки на неговиот азиски пандан Douyin.

Продавницата е моментално е достапна за 40% од корисничката база на TikTok во САД, со планови за постепено вклучување на сите корисници до почетокот на октомври.

- Advertisement -

Maркетинг365

Сподели!
- Advertisement -