ВИДЕО: Се отвора првата фабрика за хуманоидни роботи во светот

- Advertisement -

Компанијата Agility Robotics, која го направи двоножниот Digit робот, објави дека ја отвора првата фабрика за двоножни роботи во светот, од која годишно ќе се произведуваат околу 10.000 хуманоидни роботи.

Фабриката, која се наоѓа во градот Салем во американската сојузна држава Орегон, ја споредуваат со првата фабрика за сериско производство на автомобили на Ford, која донесе вистинска револуција во автомобилската индустрија и ги направи автомобилите пошироко достапни.

- Advertisement -

Со други зборови, фабриката RoboFab на компанијата Agility Robotics треба да доведе до голем чекор напред во производството на двоножни роботи, кои ќе ги заменат многу луѓе работници на разни работни места и ќе помагаат за преместување, товарање и истоварање на стока во складиштата.

Иако идејата е луѓето на таквите работни места да ги заменат роботи, самата фабрика RoboFab ќе има над 500 вработени, кои ќе работат на производните линии на кои ќе се произведуваат и ќе се склопуваат роботите Digit, како што можете да видите и од видеото во прилог.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека купувачите можат да очекуваат првите Digit роботи да бидат испорачани во 2024 година, а на глобалниот пазар да се пласираат во 2025 година. Соосновачот и извршен директор на Agility Robotics, Демион Шелтон, вели дека крајната цел е создавање на Digits за решавање на некои од тешките проблеми на денешницата како што се повредите, заморот, големата флуктуација и недостигот на работници.

Иако ова ќе биде првата фабрика за сериско производство на хуманоидни роботи во светот, прашање е дали Digit роботите ќе бидат поуспешни во однос на конкурентите како тие на Teslа.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -