Јапонија може да ја престигне САД по бројот на стогодишни луѓе

- Advertisement -

Јапонија останува држава со најголем процент на стогодишни луѓе во однос на вкупната популација и се заканува да ја симне САД од светскиот трон кога е во прашање апсолутниот број на стогодишници.

Јапонското Министерство за здравје, труд и социјални прашања по повод дравниот празник на старите луѓе ги објави најновите демографски статистики, кои покажуваат дека во Земјата на изгрејсонцето годинава живеат дури 92.139 луѓе стари 100 години и повеќе.

Тој број се зголемил за околу 1.600 луѓе во однос на претходната година. Инаку, дури 89% од сите стогодишници во Јапонија се жени. Во оваа царство од Далечниот Исток бројот на стогодишници расте веќе 53 години. Растот е особено брз во последните десетина години, за што сведоќи и фактот дека има над 50.000 нови стогодишници од 2012 година до денес.

- Advertisement -

Официјално најстарата личност во земјата е жена по име Фуса Тацуми. Таа живее во Осака и има дури 116 години. Приматот во долговечноста во државата го презеде во април минатата година и моментално е втората најстара личност во светот. Најстариот Јапонец од машки пол е Гисабуро Сонобе од префектурата Чиба, кој има 111 години.

Според податоците на ОН, годинава во светот има околу 573.000 стогодишници, од кои најмногу жоивеат во САД – околу 90.000. Иако САД има околу 5.000 стогодишници повеќе од Јапонија, нивната популација е речиси трипати поголема од јапонската, така што Земјата на изгрејсонцето и понатаму држи позиција на светски лидер кога е во прашање процентот кој го заземаат стогодишниците од вкупната популација во земјата.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -