Оданочувањето на богатите во ЕУ би донело повеќе од 200 милијарди евра

- Advertisement -

Потенцијалното влијание на данокот од 1,7 до 3,5% за половина процент од најбогатите жители на Европската унија би донело прихор во јавната каса од околу 213 милијарди евра, покажува новата студија на групата на Зелените во Европскиот парламент. Таа сума би пораснала на 272,8 милијарди евра доколку се комбинира со борбата против даночното затајување од страна на супербогатите во тајните јурисдикции, како што се Бермудите или Кајманските Острови, според студијата, објави бриселскиот EUObserver на 22 септември.

Ирска, Луксембург и Германија се европските земји кои губат најмногу даночни приходи поради оние што го кријат богатството во даночните раеви. „ЕУ мора да ги реши дупките и законите за тајност во јурисдикциите низ целиот свет кои им дозволуваат на нејзините граѓани да ги кријат активностите и богатството“, истакна европратеничката Кира Петер-Хансен од Зелените/ЕФА.

Студијата „Tax the Rich: From Slogan to Reality“ симулира потенцијална имплементација на данок сличен на оној што го воведе Шпанија на почетокот на 2023 година. Солидарниот данок на Шпанија, привремен данок за богатите, годинава донесе 623 милиони евра. Сепак, како и во другите европски земји, оваа мерка има ограничувања.

- Advertisement -

Како што е наведено, прогресивните даночни стапки не се нови во Европа – Белгија, Италија и Франција имаат слични шеми, но тие се „скромни“ по обем. Се додава дека тие стапки се насочени само кон одредени видови средства или не се применуваат на национално ниво. Спротивно на популарното верување, данокот на богатство нема да влијае на средната класа – во Германија би се оданочувале над 2,83 милиони евра, во Франција 3,64 милиони, а во Полска прагот би бил 749.441 евра.

Најбогатите 0,5 отсто поседуваат речиси една петтина од богатството

Се наведува дека околу половина од европското население поседува 3,5% од вкупното богатство, додека најбогатите 0,5% поседуваат речиси една петтина и во последните десет години нивното богатство се зголемило за 35%. Покрај тоа, мажите поседуваат во просек 50% повеќе богатство од жените, а бидејќи жените се повеќе зависни од приходот од трудот отколку од богатството, тие носат несразмерно даночно оптоварување, пренесува EUObserver. Извештајот посочува дека затоа оданочувањето на најбогатите е начин да се одговори на нееднаквостите, како што е полот. Понатаму се наведува дека членките на ЕУ би можеле да им „дадат чек“ од 1.386 евра годишно на европските даночни обврзници од приходот од оданочувањето на богатите и од потрагата по имот скриен во даночните раеви.

- Advertisement -

Тие нови средства би можеле да покријат 23 отсто од здравствените трошоци во земјите-членки на ЕУ или да го зголемат буџетот за образование за речиси 40 отсто, посочија Зелените. Тоа може да биде и начин за финансирање на зелената транзиција, како што е наведено во Европската граѓанска иницијатива од јуни. Со него, група активисти, економисти и политичари бараат воведување данок за најбогатите 1% за финансирање на социјалната и еколошката транзиција на ЕУ.

Извор: Бета

Сподели!
- Advertisement -