Многумина на кои неодамна „им беше дадена клоца“ од компаниите во коишто работеле се изненадија кога бившите работодавци им се јавија да ги викнат назад на работа. Ситуацијата на пазарот на труд генерално, а особено меѓу големите технолошки компании е мнигу динамична и непредвидлива во текот на последните неколку години. Откако во текот на пандемијата компаниите се бореа за опстанок и за секој вработен, па им нудеа секакви поволности, тој балон неодамна издиши и шефовите почнаа да делат откази.
Сега ситуацијата повторно се смени за 360 степени и некои компании ги бараат назад вработените кои неодамна ги отпуштиле. Меѓу тие компании е и Meta на Марк Цукерберг и компанијата Salesforce, на кои сеха најмногу им недостигаат луѓе со знаење на полето на вештачката интелигенција.
Имено, откако Salesforce отпушти околу 10% од вработените, сега планира да врати на работа околу 3.000 луѓе. Дали тие вработени ќе се вратат најмногу зависи од начинот на којшто завршил нивниот работен однос. Додека веројатно најголем дел не би се вратиле назад во компанијата која им дала отказ, постојат шанси ако разделбата била мирна и разумна дел од нив навистина да се вратат на старото работно место.
(Zimo)
(фото: Pexels)