Со цел да достигне поодржлива иднина, финското гратче Лахти создаде извонредна пилот програма наречена Textile Deposit scheme. Оваа инивијатива има за цел да ги поттикне луѓето активно да ја реупотребуваат или рециклираат облеката наместо да ја фрлаат.
Инспирирани од успешниот фински систем за рециклирање пластични ншишиња и лименки, програмата Textile Deposit дава импресивни резултати и покажува потенциал за поширока примена.
Функционира на тој начин што грашаните добиваат мала награда во форма на ваучери за кафе или билети за локалниот базен. Тоа е доволна мотивација за многумина да ја рециклираат својата облека. Во текот на првичната пилот програма реупотребата на облеката се покачила за над 500% во споредба со периодот претходно.
Лахти е еден од најеколошките европски градови и Европска зелена престолнина за 2023 година. Градот е посветен на тоа да стане град со нула отпад до 2050 година. Имајќи ги предвид долгорочните цели, градските власти ја создаоа шемата Textile Deposit како експериментален проект за значително зголемување на рециклирањето текстил.
Отпадот од текстил е голем глобален проблем, но тоа може да се реши така што облеката и другиот текстилен отпад од домаќинствата ќе се претворат во рециклирани влакна за разна примена.
Поради успешноста на проектот, Финска планира ширум земјата да се постават апарати за собирање на текстилот за рециклирање до 2025 година. Како што велат финските власти, нивната иднина зависи од циркуларната економија, но не треба да биде одговорност само на консументите да рециклираат, туку државите, градовите и комапниите треба да размислат што може да направат за да им го олеснат рециклирањето.
(Inhabitat)
(фото: Pixnio)