Samsung претстави нов видеоѕид за виртуелни проекции

- Advertisement -

Samsung штотуку претстави два нови модели на нивниот видеоѕид за виртуелна продукција The Wall, наменети за европскиот пазар. The Wall за виртуелна продукција ги отвора вратите до неограничени потенцијали за филмските студија, режисерите и продуцентите така што ги засилува дигиталните ефекти, додека истовремено создаваањето виртуелни содржини го прави полесно, побрзо и поекономично.

Секоја опција на новите модели е специјално избрана за да ги зајакне бизнис субјектите во различни индустрии, додека тргнуваат на патот на создавање виртуелни содржини со досега невиден квалитет, велат од Samsung Electronics.

- Advertisement -

Продукциските студија можат да ги користат ултраголемите ЛЕД панели за создавање виртуелни содржини и да ги интегрираат со технологија за реални визуелни ефекти во реално време за да се скрати времето и трошоците за продуцирање на содржините.

Новите IVC модели, P1.68 и P2.1, вклучуваат распон на закривеност кој може да се протега до 5.800R, што создава автентично видно поле. Екранот, исто така, ја има и опцијата Genlock, која го одржува The Wall усогласен со сигналите на системите, така што нема испуштени или дуплирани слики. Оваа опција, заедно до подобреното временско прилагодување меѓу камерата и екранот, е гаранциај за совршена слика.

- Advertisement -

Новите The Wall имаат подобрен размер 4:9, кој дава разни опции за инсталација, вклучувајќи можност за комбинирање со други екрани за максимални резултати во разни продукции. Брзината на освежување од 12.288 Hz го минимизира треперењето и осигурува јасен резултат, без оглед на тоа каква камера е користена за снимање. Black Seal Technology+ дава најчисто ниво на црнина за поголема длабочина. Корисниците ќе можат да видат пореалистични текстури, волумен и континуирани детали на сенките.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Samsung)

Сподели!
- Advertisement -