Еден од поголемите предизвици на невладините граѓански организации е нивното финансирање и одржливост – да можат да делуваат во континуитет и да ја остваруваат својата мисија. Може ли да ни кажете нешто повеќе за како СОС Детско село се финансира и кои се предизвиците во овој домен?
СОС Детско село веќе 23 години работи на поддршка на ранливата група деца и млади без родителска грижа паралелно со спроведување активности за превенција – децата во социјален ризик да не бидат бидат одвоени од своите биолошки семејства.
‘Финансирањето на нашата работа се одвива преку повеќе канали од кој што во последните две декади најголемиот дел се добивале од Интернационалната организација SOS Children villages која постои повеќе од 75 години и делува во 135 земји. Трендот во fund raising во изминатите години е развивање на локалните канали за собирање средства. Целта е во најголем дел да ја финансираме нашата работа од локалните чинители – од државата, команиите и граѓаните на нашата земја кои преку својата поддршка ќе продонесат за одржливост и континуитет на нашата работа и ќе овозможат посигурна иднина за оваа ранлива група на деца” – вели Силвија Брајовиќ директор на оддел за собирање средства и комуникации.
Овој глобален тренд воедно претставува и голем предизвик. Покрај промовирањето на нашата работа и импактот што го постигнуваме, се наметнува и потреба за проактивен пристап кон fund raising-от и пронаоѓање на креативни и иновативни решенија за собирање на средства.
Во овој контекст би сакала да го претставам проектот IT4CHARITY/IT4SOS, движење креирано од ИТ заедницата за поддршка на ранливи категории на луѓе.
Како основачи на оваа движење може ли да ни споделите неколку информации за првичната идеја и почетните активности?
ИТ индустријата во Македонија воглавно е индустрија од млади професионалци и е еден од најдобро платените сектори во земјата.
Желбата ни беше да се покаже дека ИТ компаниите и нивните вработени се грижат за општеството и се спремни да допринесат и да помогнаат на оние на кои им е најпотребно.
Првичната идеја беше да креираме ИТ4Charity музички настан кој би постанал традиција со две главни цели
- да собира донации за ранливи категории луѓе
- Да ги ангажира ИТ компаниите во нашата држава да соработуваат и да учествуваат во активности од општествена одговорност
Музички настан е добар начин за вработените да се социјализираат во релаксирана атмосфера, да се измешаат луѓето и културите од различни ИТ компании и воедно да се позиционираат нови компании на мапата. – Ѓоко Митровски – Директор на инжинеринг на SLICE.
Првата активност и музички настан се организираше во 2016 година кога беше започната соработката со СОС Детско село по повод нивниот 15 годишен јубилеј.
Се организираше голема ноќна забава на која присуствуваа повеќе од 15 ИТ компании.
На самиот настан се комуницираше кои компании земаа учесто и нивната донација и вкупно собраната донација за децата поддржани од СОС Детско село во износ од 500.000 денари
Покрај забавниот карактер, опуштање и дружба секој вработен го понесе во себе и чувството на гордост дека е дел од компанија и движење што делува одговорно и прави импакт во областа каде е многу потребно – на ранливата категорија деца без родителска грижа.
Втората забава ја реализиравме во 2019 година при што веќе имавме јасна определба дека СОС Детско село ќе биде наш стратешки партнер на овој проект и дека заеднички ќе ги реализираме идните активности. – Раде Георѓиев– ЦЕО на VALTECH
Како прерасна движењето IT4Charity во платформата IT4SOS?
За објаснување на следните настани ќе морам да ја споменам пандемијата која владееше во 2020-2022. Првата година беше голем шок за сите и ги парализираше сите активности и наметна потреба да размислуваме на нов начин – како би можеле да продолжиме со активности базирани на веќе дефинираната платформа. Тоа бараше размислување out of the box и одвоеноста и изолираноста наметнаа дефинирање на нов концепт.
Водени од повеќе параметри
- Неможност за организирање на настани со масовно присуство
- ИТ начинот на работа е повеќе статичен/седечки
- Пандемијата наметна работење од дома
дојдовме до идеја да развиеме концепт на промовирање на физичката активност на вработените со можност за мерење на нивните постигнувања а ИТ компаниите да донираат за СОС Детско село.
Во тој контекст ја контактиравме македонската Start up компанија Challenger која веќе имаше развиено мобилна апликација за мерење на физичка активност и остваривме соработка.
На големо задоволство ја прифативме соработката со СОС Детско село и бесплатно обезбедивме дашборд каде што беа претставени постигнатите резултати на ниво на компанија, додека вработените бесплатно ја користеа нашата апликација на нивните мобилни апарати. Преку Challenger се следеа зелените километри поминати пешки и на велосипед Беше извонредно да види како секој поединец кога здружен со своите колеги може да направи промени во општестото. – Олга Рајчиќ, ко-основач на Challenger
Концептот беше многу добро прифатен и 2021 година постигнавме многу добар одзив и резултати и поради тоа истоти концепт го продолживме и 2022 година со тоа што бидејќи веќе условите се променија организиравме и завршна трка каде учествуваа повеќе од 150 вработени.
Идејата се покажа како win-win за сите инволвирани:
- Вработените се стимулираа да бидат физички активни
- Компаниите промовираа концепт кој покажа дека се грижат за добросостојбата и здравјето на своите вработени – employees engagement
- Колку повеќе беа активни вработените толку повеќе компаниите донираа за децата подржани од СОС Детско село
- Разбудена мотивација и гордост кај вработените – вклучени во активност на општествена одговорност и ги ‘живеат’ вредностите на компанијата
- Грижа за животната средина – промовирање на активоснти кои имаат заштеда на ЦО2 емисија
- Пораст на собраните средства неопходни за реализација на нашите активности за поддршка на децата без родителска грижа
И во 2023 година во насока на поддршка на нашата стратегија на оддржливост се реализираше IT4CHARITY/IT4SOS настанот каде на трката на 03.09.2023 рекордно трчаа над 200 вработени од 20 ИТ компании и се собраа рекордни средства од 29.550 еур. По завршување на трката беше организирана неформална забава со музика и друштвени игри на која децата на вработените од ИТ компаниите и децата поддржани од СОС Детско село се дружеа и забавуваа.
Голема благодарност до компаниите: Symphony Solutions, CapCargo, EmbedSocial, CodeIT, ReThing, Intelligent Network Solutions, Slice, Valtech, One Inside, Furious Avocado, Melon Tech, Hornet Security, Infinite Solutions, Telesmart, Anhoch, Foxit, Verint, HSO, S&T, Semos Cloud, како и до сите оние компании кои ни помогнаа во организирање на овогодинешната трка.
Навистина ни беше чест и задоволство да се приклучиме на овогодишеното издание за IT4Charity/IT4SOS и да придонесеме во подобрување на животот на децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село. Дополнителен мотив ни претставуваше и физичката активност и трчањето, кои за нашите вработени претставуваше дополнителен бенефит – изјавија од Symphony Solutions.
Големо е задоволстово кога ќе се види дека расте свеста за филантропијата во нашата држава, каде се повеќе компании и луѓе се вклучуваат во поддршка на активности од областа на општествена одговорност.
Горди сме што оваа година заедно со 20 ИТ компании и нивните 200 вработени што учествуваа во IT4SOS трката успеавме да реализираме поддршка на ранливата категорија на децата без родителска грижа, децата кои се дел од нашата иднина и на кои им е потребна дополнителна помош за да можат да станат одговорни членови на нашето општество.
LET US MAKE A DIFFERENCE