Meta претстави нови VR очила и сопствен AI четбот

- Advertisement -

Главниот извршен директор на Metа, Марк Цукерберг, вчера претстави нови AI производи за потрошувачи, вклучувајќи и паметни очила кои можат да одговараат на прашања и да пренесуваат содржини директно на Facebook, ботови кои создаваат фото реални слики и ажурирани VR очила.

- Advertisement -

Цукерберг рече дека овие производи се спој на виртуелниот и реалниот свет инагласи дека Meta нуди евтина или бесплатна вештачка интелигенција која може да се интегрира во секојдневниот живот.

Metа Quest е во VR очилата и од компанијата велат дека ова е најдобрата вредност за пари во оваа индустрија, во пресрет на пуштањето во продажба на многу поскапите VR очила на Apple.

- Advertisement -

Новата верзија на Questa ќе се најде во продажба од 10 октомври, а паметните очила од 17 октомври. Во нив е вграден новиот Metа AI асистент и ќе можат во живот да пренесуваат се што гледа корисникот директно на Facebook или Instagram, додека претходната верзија можеше да фотографира. Асистентот од идната година ќе може да идентификува места и предмети кои ги гледаат корисниците и да превеаува.

Цукерберг ги претстави овие производи на конференцијата Meta Connect во кампусот на Metа во Силиконската долина, која е најголема конференција годинава и првата која не беше виртуелна од почетокот на пандемијата досега.

- Advertisement -

Тој ги претстави и првите производи на Мetа со генеративна вештачка интелигенција за потрошувачите, вклучувајќи го и Metа AI четботот, кој може да генерира тесктуални одговори и фото реални слики. Но, нема само да одговара на прашања. Станува збор за забава и за тоа да ви помогне да се поврзете со луѓето околу вас.

(Zimo)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -