Објавен глобалниот иновациски индекс за 2023 година

- Advertisement -

Објавено е најновото, 16-то по ред, издание на глобалниот иновациски индекс во кој се опфатени 132 земји и 100 најдобри светски научно-технолошки кластери. Глобалниот иновациски индекс го претстави Светската организација за интелектуална сопственост, а според нивните податоци, првото место на листата го зазема Швајцарија, и тоа 13. година по ред.

На второ место сега се наоѓа Шведска, која во однос на минатата година ја престигна САД, која сега е на трето место. Следуваат Обединетото Кралство и Сингапур на четврто и петто место, а листата со топ 10 земји ја заокружуваат Финска, Холандија, Германија, Данска и Република Кореја. Од останатите интересни податоци, треба да се споменат Кина на 12. и Јапонија на 13. место.

- Advertisement -

Од земјите во нашето соседство, најдобро е рангирана Словенија на 33. место, па следуваат Бугарија на 38. место, ГРција на 42. место, Хрватска на 44. место, Србја на 53. место, Црна Гора на 75. место, БиХ на 77. место, Албанија на 83. место. Македонија е рангирана на 54. место.

Општо земено, резултатите од последниот глобален инвестициски индекс, од една страна, укажуваат на неоспорливиот технолошки напредок, поттикнат првенствено од иновацискиот бран на вештачка интелигенција, суперкомпјутери и автоматизација, и од бранот длабоки научни иновации базирани на биотехнологија нанотехнологија. Од друга страна, фрла светло на значајните предизвици со кои се соочува економскиот раст и високата инфлација, кои заедно со долготрајните последици на пандемијата ги кочат глобалните иновации.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -