Повеќе од една третина од населението во Италија до 2050 година ќе има над 65 години, во однос на отприлика 1/4 минатата година, соопшти Државниот завод за статистика ISTAT.
ISTAT во својот извештај проценува и дека односот меѓу луѓето во работоспособна возраст (15-64 години) и луѓето кои се премлади или премногу стари за да работат (0-14 или над 65 години) ќе се намали за околу 3:2 од 2022 година на отприлика 1:1 во 2050 година, пренесува Reuters.
Стареењето и намалувањето на популацијата е голема грижа за третата по големина земја во зоната на еврото, што доведува до пад на економската продуктивност и високи трошоци за социјална заштита во земјата со најзголеми пензии во ОЕЦД од вкупно 38 земји.
Според ISTAT, населението на Италија треба да падне од 59 милиони во 2022 година на 54,4 милиони луѓе до 2050 година. Италијанската популација на ученции и студенти ќе се намали за 1 милион во наредната деценија поради падот на наталитетот и континуираниот одлив на мозоци.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)