Во крватскиот град Сплит учениците повеќе не смеат да користат телефони во училиште

- Advertisement -

Во вкупно 28 основни училишта во хрватскиот град Сплит повеќе нема да биде дозволена употребата на мобилни телефони, одлучи советот на доректори на основни школи на Градот Сплит. Имено, учениците ќе смеат да ги носат мобилните телефони на училиште, но нема да смеат да ги користат ниту за време на наставата, ниту за време на одморите.

Некои училишта веќе почнаа да ја применуваат оваа одлука, а училиштата кои не го сториле тоа, мора да свикаат учителски собранија, собранија на ученици и собранија на родители за да ја спроведат одредбата која веќе е донесена, но не е прецизирана.

- Advertisement -

Реакцијата во училиштата во кои веќе се применува одлуката е добра, а позитивна е и реакцијата на родителите. Тие мора да дојдат до училиште и да го земат телефонот ако нивното дете неовластено го користи за време на наставата или за одморот.

Како што обаснуваат тие што ја донеле одлуката, директорите на училиштата се усогласиле учениците да не ги користат мобилните телефони во училиштата. Велат дека со тоа не им забрануваат ништо на децата, туку ги учат да ги почитуваат правилата.

- Advertisement -

Во случај на потреба за мобилен телефон, дозвола за користење ќе даде наставникот или стручна служба, а тоа не се однесува на децата кои поради здравствени проблеми мора да имаат телефон со себе, како што се дијабетичарите.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -