Samsung бележи раст на заработката од 23%, но не од продажба на паметни телефони

- Advertisement -

Samsung забележа голем скок на продажбата поттикнат од милионите луѓе кои работат и учат од дома во текот на пандемијата на корона вирусот. Вториот по големина производител на паметни телефони во светот соопшти дека оперативниот профит во вториот квартал од годината пораснал за 23% во однос на претходната година, но тоа не се должи на продажбата на паметни телефони.

За овие резултати помогнала се поголемата побарувачка за компјутерски чипови, што поттикна раст на цената на тој производ на глобалниот пазар. Дата-центрите ги прошириле капацитетите за да се поддржи работата и учењето од дома.

- Advertisement -

„Компанијата Memory Business виде силна побарувачка за cloud апликации поврзани со работата на далечина и наставата преку Интернет во текот на епидемијата на КОВИД-19, додека побарувачката за мобилни телефони е релативно слаба“ се вели во соопштението на Samsung.

И други големи производители на мемориски чипови забележале скок на заработката поради се поголемиот број луѓе кои се постојано дома и го користат Интернетот за работа или за забава. Samsung најави дека очекува и зголемување на продажбата на смартфони во наредниот период.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -