Шведска во борбата против насилните банди ќе употреби модерна технологија, вклучувајќи и дронови и технологија за пепознавање лице и регистарски таблички, открија претставници на шведската влада.
Новиот закон ќе ја олесни соработката меѓу полицијата и другите тела на власта, велат тие. Софтверот за препознавање лице ќе се користи за идентификација на епознати членови на бандите и регистарски таблички. Полицијата ќе може во голема мера да користи и дронови.
Предлог-законот се очекува во рок од осум месеци, вели министерот за правда, Гунар Стромер.
Шведска во последно време се соочува со доста експлозии и пукање. Во текот на минатиот месец од огнено оружје биле убиени 11 луѓе, а една жена погинала во експлозија. Сето тоа е поврзано со судирите меѓу бандите кои се занимаваат со трговија на наркотици. Меѓу жртвите има и малолетници, од кои многу се имигранти.
(Zimo)