Кина го пушти во употреба првиот целосно електричен товарен брод во светот

- Advertisement -

Илјадници товарни бородви секоја година крстосуваат по океаните и за жал, испуштаат загадување во водата. Сепак, производителите на бродови почнаа да ги сфаќаат бенефитите од префрлањето на електрична енергија и почнуваат бродовие да ги опремуваат со батерии наместо со традиционални мотори.

Кинеските производители на бродови многу експериментираат и сето тоа се исплати – неодамна го пуштија во употреба првиот целосно електричен товарен брод во светот. Додека има помали електрични бродови и јахти, ова е првиот масивен товарен брод кој ќе постави нов стандард во индустријат за бродови.

- Advertisement -

GreenMatters пишува дека бродот тежи 200 тони, долг е 70 метри, широк е околу 14 метри, а висок повеќе од 4 метри. Можете да замислите колку треба да биде моќна батеријата за да покрене вакво чудовиште од брод. Батеријата на бродот има капацитет од  2.500 киловат-часови, што е исто колку 24 батерии од автомобилот Tesla Мodel S P100D car.

Теоретски, ваквиот брод треба да има поголем капацитет за товарење отколку традиционалните товарни бродови и може да пренесе повеќе од 2.000 тони товар. Освен што е масивна, батеријата и брзо се полни. Станици за полнење се поставени на повеќе пристаништа, а батеријата е целосно наполнета за само 2 часа. Кога ќе се наполни и ќе почне да плови, бродот ќе може растојание од околу 80 километри. Засега ќе плови во контролирани услови долж дел од Бисерната Река во Кина со максимум од 12 км/час.

Сподели!
- Advertisement -