Американската Агенција за напредни истражувачки здравствени проекти ARPA-H формираше мултидисциплинарен тим од истражувачи од Универзитетот Стенфорд и ги поттикнува со биопечатење да направат целосно функционално човечко срце и да го вградат во жива свиња во рок од пет години.
„Тоа е навистина неверојатно достигнување, но суровите состојки за биопечатење на комплетен и сложен човечки орган сега се спремни за овој голем потфат“ велат научниците.
Визијата да се направи човечки орган по нарачка, специфичен за секој пациент, е примамлив сон на модерната медицина со години наназад, но дури неодамна науките за матични клетки и 3Д биопечатење напредуваа до точка во која овој сон е на дофат на рака.
Биопечатењето е технологија за 3Д печатење која наместо пластика и метал, печати живи ткива клетка по клетка. Клучен напредок во тоа е тоа што сега можат да печатат клетки и крвни садови во тие ткива.
Научниците велат дека ќе употребат автоматизирана банка на биореактори за производство на различни типови клетки од срцето. Оваа банка на биореактори ќе произведе милијарди вентрикуларни и атријални кардиомиоцити, специјализирани проводни клетки кои ги создаваат Пуркинеовите влакна, одосно нодални клетки кои управуваат со срцевиот ритам, како и клетки за меки мускули, макрофаги кои поддржуваат развојот на ткивата и ендотелни клкетки на крвни садови потребни за одржување на ткивата во живот. Научниците проценуваат дека тимот ќе може да произведе доволно клетки за срце секои две недели.
(Vidi.hr)
(фото: Pxhere)