Роверот на НАСА, Perseverance, сними многу поголем вртлог од прашина на Црвената планета отколку тие што ги гледаме на Земјата. Роверот Perseverance на својот 899. ден на Марс забележа воздушен вртлог во текот на своите истражувања на кратерот Езеро. Роверот го сними воздушниот вртлог на 30 август годинава, објави НАСА.
„Не го гледаме врвот на вртлогот од прашина, туку сенката која ја фрла ни е добар показател за неговата висина. Најголем дел се вртикални колони. Ако овој вртлог е конфигуриран на тој начин, неговата сенка би покажала дека е висок околу 2 км“ велат од НАСА.
Вртлогот на Марс е сличен на тие на Земјата, но настанал кога топлиот воздух во близина на површината брзо се дигнал кон ладниот воздух над него, што е феномен кој научниците сакаат да го истражуваат за да добијат увид во атмосферата на Марс и да ги подобрат марсовските временски модели.
Сместен на западниот раб од кратерот Езеро, во подрачјето познато како Торофаре Риџ, вртлогот прашина бил отприлика 4 км оддалечен од роверот и имал околу 60 метри во пречник. Иако сликите ги фатиле само долните 118 метри, научнциите проценуваат дека неговата целосна висина е околу 2 км и дека се движел од исток кон запад со брзина од околу 19 км/ч.
Марс често има вакви вртлози, кои најчесто се поголеми од тие на Земјата поради условите на низок притисок. Заедно со огромните бури од прашина, тие вртлози играат клучна улога во прераспределбата на прашина ширум планетата. За да ги следи непредвидливите појави, роверот Perseverance континуирано ја набљудува амтосферата на Марс во сите правци.
(N1)
(фото: NASA)