Медикал плус, нова веб страница за релевантни и проверени медицински информации

- Advertisement -

Медикал плус е новонастаната веб страна која е изградена од стручен тим составен од доктори и медицински сестри, изработена со цел пренесување на точни, релевантни и проверени медицински информации, инспирирана од секојдневното читање неточни информации и пласирање на разни препарати од нестручни и немедицински портали.

Луѓето се принудени да читаат и применуваат совети за одредени лекови и препарати, да се поистоветуваат за разни состојби и болести кои ги нудат социјалните мрежи, а притоа не знаат дека информациите се од непроверени извори, со една единствена цел на повеќе гледаност и кликаност, без одредена стручност и релевантност.

- Advertisement -

Медикал плус обработува конкретни теми, односно се занимава со истражување и пласирање на најнови медицински податоци за болести и состојби, опфаќа различен спектар на медицински гранки, здрава исхрана, родителство, фитнес, јога и медитација и многу други актуелности во однос на медицината кај нас и ширум светот. Информациите се превземени од светско научни веб страни, проверени и прилагодени за во нашата држава. Сите артикли се поткрепени со соодветен извор, со цел читателите да се едуциираат и информираат на правилен начин.

Сподели!
- Advertisement -